PhotoChromeleon – мастило што овозможува предметите да ја менуваат бојата

71

PhotoChromeleon e иновативно мастило што се репрограмира и ја менува бојата на разни предмети, облека и слично, благодарение на неговата изложеност на одредена светлина.

На тој начин корисникот може да “нанесува“ разни шари и нијанси на речиси сè што ќе посака и да добие нов изглед на нешто старо.

Иновацијата е дело на тим од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT),  а според нив овој изум би придонел за намалување вишокот на производство во индустријата, а со тоа и на отпадот.

Мастилото е мешавина од три фотохроматски бои, цијан (сино – зелена), магента (розово – виолетова) и жолта.

Тимот стои и зад корисничкиот интерфејс за процесирање на дизајни во предмети. Откако компјутерски ќе се креира дизајнот, предметот се прска рамномерно со бојата, а таа се менува благодарение на изложеноста на различни светлосни бранови должини.

Проектот е финансиски поддржан од компанијата Ford.

Фото: MIT