Photospot –  едноставен начин за правење туристичка разгледница

45

Untitled

Туристичката агенција Ривиера од Опатија претстави интересна иновативна инсталација Photospot, што овозможува туристите едноставно и бесплатно да направат туристичка разгледница од Опатија, јавува Пословни дневник.

Разгледницата е наменета за on line дистрибуција преку e-mail или пак преку социјалните мрежи, но нема никакви пречки да се испечати и да се користи во нејзината традиционална форма. Може да се персонализира, со вметнување на препознатливи мотиви и делови од градот, како и промотивни пораки.

На интернет страницата на туристичката агенција се наведува дека Опатија засега е единствен корисник на овој иновативен туристички производ, но тој е применлив и за било која друга дестинација. Авторите истакнуваа дека ефектот на промоција на конкурентни дестинации преку Photospotе огромен и неограничен бидејќи сликите од дестинациите со промотивна порака можат неограничено да се делат низ целиот свет, како модерна разгледница.

Покрај тоа, Photospot може да се користи и како иновативен маркетинг алат.

“Зголемете ја посетеноста на вашата интернет страница, зајакнете ја врската со вашите потенцијални купувачи и задоволете ги нивните потреби. Ваквиот начин на промоција ќе ви помогне во стратешкото позиционирање, пружање дополнителна вредност и брзо враќање на инвестициите“, соопштуваат од Опатија.

Photospot се состои од компактен систем за сите временски услови, а содржи фотоапарат со можност да одбира мегапиксели и да ја искристализира фотографијата. Вметнат е и светлосен и звучен бројач за “самослик“.