Pi Charger – безжичен полнач за паметни уреди

20

pi_web_home_nc170825_17741_r3v1

Фото: Pi

Pi, старт – ап од Сан Франциско, дизајнираше безжичен полнач за паметни уреди, пишува Tech Crunch. Корисникот само треба да го стави својот уред во близина на Pi Charger, којшто има форма на конус, и да чека да се наполни со помош на магнетни полиња.

Основачите на стартапот користат резонантна индукција, истиот концепт одговорен за функција на Qi стандардот за полнење кај новите iPhone и Android телефони. Полначот има моќ да функционира на оддалеченост до 30,5 сантиметри.

Тајната состојка, според основачите е алгоритам за формирање зрак што овозможува безбедно насочување на магнетното поле до каде што се наоѓа уредот.

Pi Charger сè уште нема цена, но тимот очекува првите испораки да бидат доставени во 2018 година за сума под 200 долари.