Пијани Јапонци на реални билборди

48

1

Јапонија е земја каде што најмногу се работи. А после напорната работа, секој си наоѓа начин да се релаксира. Некои релаксацијата ја наоѓаат во чашката. Но, луѓето во Азија имаат ниска толеранција на алкохол. Затоа многу често по улиците во Токио можат да се видат пијани луѓе како спијат каде што се нашле, што е дури и нормална појава. Овој тренд го искористија две агенции, Ogilvy & Mather и Geometry Global, кои заедно со ланецот барови Yaocho, направија предупредувачка кампања за овој јапонски феномен. Тие со ленти ги одбележуваа заспаните пијани луѓе и ги поттикнуваа минувачите да ги споделуваат со знак hashtag #nomisugi, што во превод значи премногу пијан. Ваквите импровизирани реклами се направени со цел да се засрамат луѓето и да се однесуваат подобро.