Пиксел стана дел од Управниот одбор на CEED Founder’s Circle

52

Како долгогодишни членки чест ни е да се приклучиме на Управниот одбор на CEED, бидејќи токму оваа организација ни помогна да ја пронајдеме насоката за нашиот раст и развој. Денес, како уникатна компанија која нуди широка палета на услуги за дигитална зрелост на нашите клиенти, по години активно членување, учење, вмрежување и споделување знаење со останатите членки сметаме дека е вистински момент да вратиме назад кон заедницата на претприемачи и да помогнеме за раст и развој на сите компании кои се наоѓаат на патот кој го поминавме и ние.
Нашата цел како членови на Управниот одбор е неуморно да се бориме да им помогнеме на сите нови и етаблирани македонски компании да покажат дека умеат да се издигнат да бидат регионални и светски лидер – велат основачите на Пиксел .
Со големо задоволство објавуваме дека нашите основачи Владимир Ристевски, Филип Ристевски и Димитар Јовевски отсега па натаму ќе бидат дел од Founder’s Circle – одборот на CEED, на тој начин приклучувајќи им се на останатите членки одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијaта.
Се приклучуваме на еден dream team,  убедени дека заеднички ќе успееме да направиме нови подвизи во делот на подобрување на претприемничката клима во државава.
Бизнис клубот на CEED е водечка бизнис заедница во земјава со 15 годишна традиција и повеќе од 2000 членови низ целиот свет, како дел од интернационалната CEED мрежа која постои во 18 земји и на 4 континенти.
Филип Димитровски, Country Manager на CEED, вели дека членките на одборот на CEED имаат големи одговорности и предизвици пред нив, на кои ќе им пристапат со голема детерминираност и одлучност.

“Како бизнис клуб која одбира да верува дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира родово еднаква и претприемачки ориентирана младина, особено сме горди што успеавме да формираме управен одбор, а воедно ни претставува и големо задоволство што истиот ќе биде сочинет од прогресивни и докажани претприемачи како основачите на Пиксел – Владимир Ристевски, Филип Ристевски и Димитар Јовевски, кои токму својот раст и развој го започнале во рамки на клубот, а сега веќе се во управувачка улога на истиот.  Заедно ќе се заложуваме да ја обликуваме работата на клубот на база на потребите и спецификите на членките на истиот, но и објективно ќе делуваме со цел да обезбедиме вредност соодветна на надоместокот кои компаниите членови го плаќаат со цел да се развиваат и напредуваат во бизнисот.”-вели тој.