Pillo – интелигентен робот што се грижи за здравјето на неговиот корисник

26

pillo

Во големото семејство на роботи се приклучува уште еден мал, но интелигентен робот што се грижи за здравјето на неговите корисници.

Станува збор за малиот робот Pillo, којшто им помага на луѓето да го подобрат своето здравје, навреме да ги земаат потребните лекови и да добиваат најразлични информации поврзани со здравите навики.

Корисникот може да се потпре на Pillo во секое време, бидејќи една од задачите на овој робот е потсетување на времето за пиење лекови. Pillo, исто така, може да нарача нова доза на лекови доколку терапијата на корисникот е при крај.

Роботот дава и корисни информации за хранливите состојки на продуктите со што неговиот корисник нема потреба да губи време барајќи проверени информации на Интернет. Pillo го поврзува корисникот со неговиот личен доктор, за да може навремено да ги извршува сите детални здравствени прегледи, а се поврзува и со останатите паметни уреди.

Зад дизајнот на прототипот на Pillo стои стартапот Pillo Health од САД, којшто бара поддршка преку Indiegogo за почеток на производството на роботот.