Пилот проект во Турција: Бабите кои чуваат внуци да добиваат финансиска поддршка

23

Senior and Young Women Holding Hands

Баби кои се грижат за своите внуци додека нивните родители се на работа ќе добијат финансиска поддршка во рамките на пилот проект, изјави министерот за труд Мехмет Муезиноглу.

“Работиме на нови проекти за да не се намали бројот на вработени жени. Ќе почнеме пилот проект со тоа што ќе понудиме финансиска поддршка на баби кои се грижат за своите внуци, додека нивните родители се на работа. Деталите од проектите сè уште не се прецизирани”, изјави министерот, пишува Хуријет.

Приоритет во проектот ќе имаат деца до три години.