Pinterest објави дека долгогодишниот извршен директор Бен Силберман ќе се повлече од функцијата.
Него го заменува поранешниот извршен директор на одделот за е-трговија во Google, Бил Реди.
По објавувањето на оваа вест, акциите на компанијата скокнаа за 9% во продолженото тргување, како одговор на оваа одлука и префрлањето на фокусот на Pinterest од неговиот бизнис модел базиран на рекламирање на е-трговија, пишува CNN.
Реди (42) ги водеше трговските и платежните операции на Google во последните две години и имаше повеќе менаџерски улоги во PayPal.
Со неговото назначување заврши 12-годишниот мандат на Силберман како извршен директор, кој започна кога тој ја коосноваше компанијата во 2010 година. Од тогаш, Pinterest рапидно расте и сега има повеќе од 430 милиони активни корисници месечно.
Силберман (39) ќе ја преземе новосоздадената извршна позиција и ќе го задржи своето место во одборот, додека Реди исто така ќе се приклучи на одборот, соопшти компанијата.
Реди ќе добива годишна плата од 400.000 долари и ќе има право на награда за купување на акции за околу 8,6 милиони акции од класа А.
„Во нашето следно поглавје, ние сме фокусирани да им помогнеме на нашите клиенти да купат, да се обидат и да направат нешто со сите одлични идеи што ги имаат“, рече Силберман, додавајќи дека Реди е одличен лидер за оваа транзиција.