Piraeus Bank ќе им ги отпишува долговите на Грците

22

piraeus banka

Грчката Piraeus Bank ќе ги отпишува долговите на своите клиенти до 20.000 евра. Оваа мерка ќе важи за сите лица кои ги исполнуваат условите за помош што ги пропиша грчката влада, пишува Reuters.

Од банката соопштуват дека ќе ги отпишат каматите на хипотекарните кредити, но не се откриваат повеќе детали за тоа кои лица може да ја искористат таа можност.

Грција доби финансиска помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во висина од 240 милијарди евра, откако беше погодена од силната должничка криза. Од тој момент голем број луѓе останаа без работа, по што немаа услови да ги платат достасаните обврски.