Pirelli разви пневматици специјално за BMW

53

Двете фирми се во партнерство многу години, а сега Pirelli креираше пневматици специјално за BMW M8.

Германското супер купе е на највисоката позиција на Серијата 8 на BMW и ефикасно го заменува М6 како предводник на високи перформанси на BMW. Моделот претставува најблиското нешто што моментално баварската марка ја нуди како супер – автомобил.

Сите модели М8 се напојуваат со 4,4 литарскиот твин-турбо V8 мотор којшто испорачува 625 коњски сили преку систем на погон на четири тркала на највисокото Competition ниво. Тоа е доволно од 0-100 km/h да забрза за време од 3,2 секунди и да достигне ограничена максимална брзина од 250 km/h.

Италијанската компанија за пневматици го избра својот познат производ P Zero и користејќи ја својата Perfect Fit Philosophy, го прилагоди пневматикот за да одговара на возачките карактеристики на М8, прецизно подесувајќи ја во хармонија со шасијата на автомобилот.

Ова значи дека новите BMW-хомологирани пневматици, сега нудат подобри перформанси во влажни и суви услови, под сопирање и на патеката во споредба со веќе класичните P Zero пневматици.

Преземено од: Avtoplus.mk