Пишана комуникација

259

Фото: Pixabay

Во бизнисот, но сè повеќе и во секојдневниот живот, пишаната комуникација игра голема улога во нашите секојдневни (не)разбирања.

Но, пишаната комуникација, исто така, многу лесно доведува до недоразбирање помеѓу соговорниците, поради:

  • Емоции – во пишаната комуникација имате игра на емоции од двете страни. Можете вие НАЈсупер да бидете расположени при пишувањето на една порака, но личноста од другата страна истата порака да ја прочита сосема обратно од она што сте сакале да го пренесете.
  • Должина – некои сакаат да пишуваат на долго на луѓе кои сакаат да читаат кратко и обратно.
  • Редовност – ако веќе преферирате пишана комуникација, тогаш и редовно ќе треба да бидете покрај емаил/комуникацискиот канал затоа што пропуштената комуникација може да доведе до големи последици во останатиот дел од комуникацијата.
  • Јазик – јазичната бариера, истотака, може да влијае во недоразбирањата, посебно со други, немајчини јазици.
  • Начинот на пишување – секој од нас си има сопствен начин на пишување и сакаме другата страна да се прилагоди на нашиот начин на пишување… хмм…
  • Наместо одговор, реакција – наместо да одговориме на пишаната комуникација, знаеме да реагираме, па и емотивно со што целиот тек на комуникацијата оди во спротивна насока.
  • Подготовка – при пишана комуникација, потребна е подготовка на текстот пред негово споделување, но наместо тоа, знаеме понекогаш, под влијание на сите емоции, временски теснец и брзоплетост, да ја испратиме пораката без да се подготвиме.
  • Зборови – воопшто не внимаваме на зборовите кои ги употребуваме и знаеме да употребимеи непријатни кои не сме ни свесни што сè можат да предизвикаат кај читачот/те на пораката.

Да, има голем број фактори кои влијаат многу лесно да се дојде до недоразбирање, но најголемиот е дека пишаната комуникација во целокупната комуникација и пренос на информациите до другите има МНОГУ мал процент учество во сето ова. Најголем процент отпаѓа на зборувањето и говорот на телото, па затоа, за да не дојде до недоразбирање, после пишаната комуникација, слушнете се со човекот (доколку можете) или користете говорна комуникација наместо пишана, таму каде што можете.

Но, секако, доколку сепак сте на тоа дека сакате да користите пишана комуникација, бидете внимателни и флексибилни при користењето.