Писмо од Дедо Мраз – израдувајте ги најмладите и подарете насмевка!

132

1

Креација Прва во соработка со Тркало на прогресот и СОС Детско Село за прв пат креираат одлична кампања за детска радост и насмевка: Писмо од Дедо Мраз – наше слатко задоволство.

Навикатни успешно да ги завршуваме започнатите работи си дадовме уште еден предизвик пред крајот на годината. Нешто кратко ама слатко, како што секој од нас сака да каже од време на време.

Во последно време нè опкружуваат светски реклами и кампањи за тоа дека она што може да ни го разубави денот, месецот, годината, а и животот е давањето. Еден одличен краток сингапурски филм беше мотив и ние да започнеме кампања која ќе биде кампања за ДАВАЊЕ т.е. ПОДАРУВАЊЕ. Филмот има одлична поента која гласи Being Rich Is Not How Much You Have but How Much You Give – Да се биде богат не е колку многу имаш, туку колку многу даваш.

3Во склоп со празниците кои сами по себе се симбол на подарување, приказната од кусиот сингапурски филм некако сè заедно ја создаде идејата за Писмо од Дедо Мраз.

Во светот на децата актуелни се нарачките на подароци од Дедо Мраз. Скоро и да не постои дете до седумгодишна возраст кое не размислува за желбите кои сака да му ги пренесе на Дедо Мраз, скоро и да не постои дете кое во моментов не му „пишува“ писмо на Дедо Мраз.

Писмо од Дедо Мраз е концепт со кој секој од нас има можност да ПОДАРИ и тоа не само на своето т.е. омиленото дете (внуче, сосетче, детето на пријателите, кумовите, кумашините…), туку и на децата од СОС Детско Село.

Можноста да ПОДАРИМЕ за секого претставува исклучителна можност, а ние со Писмо од Дедо Мраз креиравме можност за двојно задоволство. Со Писмо од Дедо Мраз секој од Вас, секој од Нас, подарувате исполнување на желба на своето или на друго омилено дете и подарувате насмевка, радост, прекрасен миг на децата од СОС Детско Село бидејќи со секое нарачано Писмо од Дедо Мраз вие донирате дел од Вашите средства за децата од СОС Детско Село.

Ставивме симболични суми на писмата за да бидат секому достапни, ставивме и симболични суми за донации бидејќи децата од СОС Детско Село не бараат многу, тие се среќни и задоволни и со она што го имаат, а секогаш искрено се радуваат сè што е дополнително. Дадовме комплетна грижа за секој што ќе направи нарачка, па вклучивме редовна бесплатна достава.

Така, на пример, доколку ја изберете опцијата да купите писмо од Дедо Мраз од 179 денари, адресирано и доставено на адреса на детето, од оваа сума, 49 денари се донација.

Едноставно креиравме нешто што би било многу мало за секого, а сепак многу големо за секое дете.

И како што рековме на почеток, Навикатни успешно да ги завршуваме започнатите работи… ја креиравме оваа кампања во времетраење од дваесетина дена за која сме сигурни дека успешно ќе ја завршиме, а ќе биде успешно ако секој од нас испрати барем едно Писмо од Дедо Мраз на некое дете по сопствен избор.

2

СРЕЌНА НОВА 2016 ГОДИНА И

СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Ваш Дедо Мраз

 potpis