Pitch. Match. Grow – прва старт – ап конференција

165

Pitch. Match. Grow e настан што ќе се одржи на 26-ти и 27-ми февруари, во хотел Мериот, Скопје и е наменет за стартапи во различни фази, како и за слушатели кои што имаат само иновативна идеја за отпочнување на сопствен бизнис.

Целта на настанот е да се презентираат можностите за инвестирање и начините на аплицирање кои што ги нудат инвеститорите (Pitch), така што секој старт – ап или секој што има идеја, ќе може да се идентификува во процесот и да одреди од каде е најсоодветно да побара инвестиција (Match), што пак ќе придонесе да го унапреди својот бизнис, за тој да премине во следната фаза од својот раст (Grow).