Пиварницата од Бихаќ лани го зголемила приходот за над 5 милиони евра

15

Фото: Pixabay

Бихаќската пиварница лани остварила поголем приход во споредба со 2017 година, или над 5 милиони евра  што е за околу 250.000 евра повеќе од приходот остварен претходната година, пишува Biznisinfo.ba. Најголемиот дел од приходите биле остварени од домашниот пазар.

Пиварницата лани имала расходи од без малку пет милиони евра, што е за околу пола милион евра повеќе од 2016 година. Нето добивката пак изнесувала нешто повеќе од 180.000 евра.

Во пиварницата работат 106 луѓе, пет повеќе во споредба со годината пред тоа. Мнозински сопственик е Адем Ибрахимпашиќ, кој поседува околу половина од вкупните акции.