Пиварницата Анадолу Ефес ја затвора фабриката во Тракија

149

efes_logoТурската пиварница Анадолу Ефес соопшти дека донела одлука да ја затвори својата фабрика Лулебургаз во турската провинција Киркларели, четири месеци по затворањето на две пиварници во Русија.

Компанијата одлучила да го запре производството во фабриката Лулебургаз во тракискиот регион на 2 мај, како дел од програмата за оптимизација на производната мрежи, пишува Хуријет.

Компанијата ќе го пресели производството од Лулебургаз во другите фабрики, а работниците ќе бидат прераспределени во други центри. Компанијата ќе продолжи со производство во фабриките во Истанбул, Измир, Анкара и Анада.