Пиво распродадено за неколку часа поради неговото необично име

82

Една мала пиварница од Шлуселфелд во Германија стана позната низ целиот свет поради името на новиот производ.

Тие неодамна произведоа пиво наречено Impfstoff, што во превод значи – вакцина.

Имајќи предвид дека во тек е масовна вакцинација, не е ни чудо што нивното пиво се распродаде за само три и пол часа.

Пиварницата произвела 4.000 пива кои биле распродадени за неколку часа, а пивото чини шест евра.

Фото: Facebook