Пивоварна Лашко во рацете на Heineken

44

heineken

Продажниот конзорциум на сопственици на 51,11% на словенечката група Пивоварна Лашко одлучи вчера своите акции да му ги продаде на холандскиот концерн Heineken, кој понуди најдобра цена од 25,5 евра за акција, пишува Дело.

Со купување на двете најголеми словенечки пиварници во сопственост на групата, Лашко и Union, Heineken дополнително ќе ја зајакне пазарната вредност во регионот во кој е веќе присутен.

“Оваа аквизиција ја зајакнува нашата позиција во регионот и ќе додаде два нови силни бренда во нашето портфолио”, изјави главниот извршен директор на Heineken, Жан Франсоа Боксмер, пишува Ројтерс.

Обврзувачки понуди покрај Heineken дадоа уштеи нвестициските фондови KKR, Bain Capital, CVC Capital и Mid Europa Partners.

Heineken има долга традиција на купување силни локални пивски брендови и веќе е присутен во регионот преку Heineken Хрватска (Карловачка пивовара), Пивара Скопје, српската Пивар МБ, австриска Brau Union, Крушовице и Drinks Union во Чешка, полската Zywiec.