Планот е помалку важен, успехот ги чека оние кои веруваат во себе

158

Основачот на Apple, Стив Џобс имал екстремно високи очекувања од себе и од луѓето околу себе. Многу често се предизвикувал самиот, а ги инспирирал луѓето околу себе да ги подигнуваат лимитите, за да можат да го остварат она што ќе го посакаат.

Џобс добро знаел дека плановите никогаш не се совршени, ниту во целост успеваат. Затоа, за него најважно од сè е вербата во себе.

Тој сметал дека да верувате во себе ќе ви помогне да знаете како да реагирате на пречките и предизвиците што ќе ви се појават на патот кон успехот. Таквите луѓе се повеќе самоуверени, па се подготвени да пробаат нови работи, да учат од успесите, а од секој неуспех да научат нешто ново и да развијат нови вештини.

Во една прилика Џобс рекол: Никогаш не можете да бидете сигурни дека ќе успеете, но кога не верувате во себе и се плашите да пробате нешто ново, тогаш бидете сосема сигурни дека нема да успеете.

Фото: Pexels