Plasma Rock – иновативен материјал направен од рециклиран отпад

23

63b91f_edcd214d95044a228d52cb54ae4422df-mv2

Фото: Inge Suijs

Британската дизајнерка Инге Слујс пронајде начин да го претвори отпадот во нов иновативен материјал, којшто може да се користи за создавање на еколошки производи за широка потрошувачка, пишува Inhabitat.

Материјалот наречен Plasma Rock, се формира преку процес на загревање на материјали од депонија на екстремно висока температура. Тој е прилично цврст и воопшто не е токсичен. Според дизајнерката , за создавање на 20 килограми ваков материјал потребни се 100 килограми отпад.

Слујс во моментов е фокусирана на крајбрежните депонии, почнувајќи од една депонија во Есекс, Англија. Претворањето на отпадот во Plasma Rock ќе го намали бројот на депонии и количината на штетни материи коишто инаку би ја загадиле водата.

Plasma Rock започнува како прашок којшто потоа може да се обликува во разни форми. Слујс изработи и стаклени вазни декорирани со елементи од новиот материјал. Со своите дизајни таа сака да покаже дека и од отпадот може да се изработи нешто корисно за околината.