Плата во бутик 1.500 евра: Zara ги покачи платите

217

Индитекс, кој меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна договор за зголемување на платите во своите шпански продавници во просек за 20 отсто.
Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ. Така, минималната месечна плата во Индитекс во Шпанија ќе изнесува 1.500 евра за продавачите во продавниците, а минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со поголеми обврски.

Синдикатите, исто така, соопштија дека Индитекс се согласил да го усогласи растот на платите со инфлацијата во следните три години, со силниот раст со кој се соочува и Шпанија.

Фото: Facebook