Платформата X изгуби половина од својата вредност за една година

Платформата Х значително ја загуби вредноста откако пред една година ја купи милијардерот Илон Маск под името Твитер, објавија американските медиуми.
Магазинот Fortune и финансиската новинска агенција Блумберг објавија дека, при доделувањето акции на вработените, X бил проценет на вкупно 19 милијарди долари.

Маск плати околу 44 милијарди долари за Твитер во октомври 2022 година. Оттогаш, Маск ја преименува мрежата X и рече дека сака да ја изгради платформата како апликација со повеќе функции, вклучително и финансиски услуги.

Платформата се мачи по преземањето на Маск со значителен пад на приходите од реклами.

Маск неколку пати кажа дека се половина од големината од некогаш.

Многу компании го избегнуваат X како рекламна платформа бидејќи се плашат од негативно опкружување за нивните брендови.

Маск се обидува да ја пополни празнината со приходи од претплата.

Дополнително, презеде околу 13 милијарди долари заеми кои сега ја оптоваруваат платформата X и собираат околу 1,2 милијарди долари камата годишно.