Платил 28 милиони долари за лета заедно со Безос

Место за патување во вселената во ракета со милијардерот Џеф Беос е продадено на аукција за 28 милиони долари.

Основачот на Amazon и сопственик на вселенската компанија Blue Oirigin не сакал да го открие идентитетот на лицето кое го платило тој износ.

Аукцијата е одржана онлајн, а ракетата би требало да биде лансирана на 20-ти јули во Тексас.

Станува збор за целосно автоматизирана капсула што би можела да носи до шест патници, од кои секој ќе има свој голем прозорец.

Нејзиното прво лансирање ќе биде голем чекор во настојувањето на американските компании да почнат нова ера на комерцијални летови во вселената.

Фото: Facebook