Платите на директорите во Британија сè уште ги надминуваат животните заработки на “обичните“ работници

105
Годишните плати на извршните директори на компании чии акции се тргуваат на берзата во Лондон паднаа минатата година, но, како што пишува Гардијан, тие се сепак повеќе од она што обичниот работник може да го заработи до крајот на животот.
Според податоците на High Pay, просечната годишна плата на директорот била 2,69 милиони фунти во 2020 година, што е намалување за 17 проценти во споредба со претходната година, кога таа сума изнесувала 3,25 милиони фунти.
Кога ќе се земе предвид просечната годишна плата во Велика Британија, која во моментов изнесува околу 31.000 фунти, тоа е 86 пати повеќе. Паскал Сориот, извршниот директор на АстраЗенека, чија годишна плата изнесува 15,45 милиони фунти, во последно време води според заработувачката на менаџерските позиции. Интересно е што Сорио, кога медиумите во 2018 година објавија дека тогашната годишна плата му била 9,4 милиони фунти со бонуси, прокоментира дека тој всушност бил “еден од најслабо платените директори во фармацевтската индустрија“.