Playboy планира враќање на… берза

51

Компанијата Playboy Enterprises, во чија сопственост е познатиот магазин Playboy, планира повторно враќање на берза, пренесува Ројтерс.

Playboy Enterprises сега соработува со инвестициона банка преку којашто ќе бара посебна компанија за преземање, со којашто би се споила, а потоа тој ентитет би се котирал на берза.

Компанијата повторно ја разгледува можноста за котирање на берза од каде што ја повлече нејзиниот основач, Хју Хефнер. Тој ја повлече компанијата од берза во соработка со инвестиционата компанија Rizvi Traverse Management во трансакција вредна 207 милиони долари.

Но, повлекувањето не ја подобрило ситуација, а тиражот на магазинот бил во постојан пад, по што пандемијата само дополнително ги искомплицира работите. На почетокот на оваа година, престана да се печати магазинот во САД, по скоро 70 години.

Првиот примерок на Playboy со Мерлин Монро на насловната страна излегол 1953 година.

Инаку, познатиот милионер во свилени пижами имаше богатство од 50 милиони долари, а почина во 2017-та година, на возраст од 91 година.

Фото: Facebook