PLEVO – најиновативниот куфер досега

39

PLEVO е куфер кој може да се следи преку GPS, има тркалца кои се вртат за 360 степени, компатибилен е со Android и со IOS оперативни системи, има вграден Power-bank кој може да се извади и да се користи и надвор од куферот и многу други напраедни карактеристики.

Со овој куфер следува доживотна гаранција, а се заклучува на отисок од прст, со код и со лицето на корисникот.

Во внатрешноста има вградено 3 закачалки за одела или за кошули, а просторот внатре се проширува во зависност од потребите на корисникот. Исто така има футрола за лап топ која може да се извади и да се користи надвор од куферот.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Њу Јорк и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 63.763 долари од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 42 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.

Фото: Kickstarter