Плива ја помина контролата на FDA

43

Хрватската фармацевтска компанија Плива успешно ја помина инспекцијата на американската Агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA), соопштија од компанијата.
Инспекторите на FDA престојуваа во Плива во текот на август. Со инспекцијата беа опфатени производните процеси на погоните во Загреб и Савски Мароф. Основна задача на инспекцијата беше да се провери дали производите што се произведуваат во овие погони се во потполност усогласени со светските стандарди. FDA, која е позната по ригорозните барања и контроли при производство на фармацевтски суровини и лекови за американскиот пазар, ја заврши инспекцијата во Плива без ниту една забелешка или отстапување.
Освен FDA, производните процеси на Плива редовно ги проверуваат и други регулаторни агенции како што се европската (EMA), јапонската (PMDA), корејската (KFDA) и хрватската (HALMED).
Плива е единствен произведувач на фармацевтски суровини и лекови во Хрватска.