Плива најпрофитабилна во фармацевтскиот сектор во Хрватска

18

plivaПлива е убедлив лидер на фармацевтскиот пазар во Хрватска со преку 440 милиони евра приход во 2012 година, што е раст за 20% во однос на годината претходно. Истовремено Плива е и најпрофитабилна меѓу разгледуваните компании на ниво на нето добивка со маржа од преку 20%. По Плива, по висина на приходот доаѓаат Белупо и Јадран галенски лабораториј – ЈГЛ.

Ако се погледне кумулативно, се гледа дека најпрофитабилни произведувачи на лекови во Хрватска се оние кои првенствено се занимаваат со производство на генерика, пишува иКапитал во својата анализа на фармацевтскиот сектор во Хрватска.

Спротивно од нив, помалите произведувачи кои најмногу произведуваат лекови што не одат на рецепт, имаат многу посилна конкуренција и не успеваат да постигнат толку високи маржи. Сепак, сите разгледувани компании работеле позитивно и на крајот на 2012 година забележале нето добивка, што е добар знак со оглед на тешката економска ситуација во која се наоѓа земјата.