Плива отвори нов погон вреден 100 милиони долари

19

plivaХрватската фармацевтска компанија Плива во Загреб отвори нов погон за производство на суви орални видови на лекови, вреден преку 100 милиони долари. Новиот погон ќе овозможи значително зголемување на капацитетите за производство на таблети и капсули за 25% и ќе го зголеми извозот, затоа што најголемиот дел од овие производи е наменет за меѓународниот пазар.

“Оваа година е исклучително важна затоа што приведуваме кон крај еден од најголемите инвестициски циклуси во историјата на компанијата. Освен раст на производството и раст на извозот, Плива отвора и нови работни места. Во моментот вработуваме директно 2.000 луѓе, а индиректно дури 15.000”, изјави претседателот на Управата на Плива, Тихомир Орешковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Поради тоа што во новиот погон ќе се произведуваат лекови наменети главно за американскиот пазар и пазарите на ЕУ, комерцијалното производство ќе започне непосредно по одобрувањето на американската регулаторна агенција ФДА и други регулаторни тела.

Орешковиќ најави нова инвестиција на Плива од 20 милиони долари во производство на стерилни видови на лекови и додаде дека Загреб ќе стане европски финансиски центар на израелската фармацевтска комапнија Тева, под чија капа се наоѓа и Плива.