Плива по трет пат добитник на наградата Superbrаnds Македонија

73

pliva

Фармацевската компанија Плива по трет пат е добитник на наградата Superbrands Македонија. Наградата ја доби за извонредни достигнувања и квалитет во 2015/16 година врз основа на гласовите на повеќе од 20.000 корисници и стручното жири, пишува Миа.

“Оваа награда за Плива е доказ за квалитет, високи стандарди и потврда за значењето на нејзиниот бренд на македонскиот пазар и на пазарот во целиот регион. Задоволни сме што нашите производи се исклучително добро прифатени од страна на потрошувачите, а потврда на нивниот квалитет и супериорност во однос на конкуренцијата е и овој веќе трет пат доделен статус Superbrands Македонија”, изјави Петар Велкоски, директор на Плива Скопје.

Плива за првпат ја доби наградата Superbrands во 2011 година.

Superbrands се доделува на бренд кој има високо оценет квалитет, оригиналност и емоционална вредност за крајниот корисник. Меѓународната организација Superbrands е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на брендирање, а присутна е во повеќе од 88 земји ширум светот.