Плива Скопје донираше 500.000 денари на Фармацевтскиот факултет при УКИМ

58

pliva logo

Фармацевтската компанија Плива Скопје му додели парична помош од над 500.000 денари на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје за реализација на процесот за модернизација на научно наставниот процес и зголемување на функционалноста на амфитеатарот, како и за подобрување на условите за едукација на идните фармацевти, пишува Миа.

“Донацијата на Плива е од суштинско значење. Се однесува на преадаптација на постоечкиот простор на Амфитеатарот, којшто во целост ќе ги исполнува критериумите и стандардите, а со модернизација на научно наставниот процес ќе овозможи уште повисоко ниво на квалитетна настава“, изјави проф. д-р Светлана Кулеванова, декан на Фармацевтскиот факултет.

Во име на вработените и студентите на факултетот таа искажа благодарност за донацијата која, како што посочи, многу ќе го подобри квалитетот на наставата.

Директорот на Плива Скопје, Петар Велкоски рече дека како компанија преземаат активности за да им помогнат на идните фармацевти да бидат поквалитетно едуцирани за во иднина да дадат поголем придонес во фармацевтската дејност.

“Со оваа донација ја продолжуваме нашата определба и препознатливост на високо одговорна општествена компанија, респектабилен производител кој гради партнерски однос и води грижа за потребите на заедницата“, изјави Велкоски.