
Потребата од електричари, гипсари, плочкари, молери….ќе се зголемува, а граѓаните ќе плаќаат се повисоки цени за овие услуги. Според познавачите на состојбите на пазарот една од причините за растот на цената на работната рака во овие сектори е недостигот на кадар, а другата е дека вештачката интелегенција нема да може да ги замени физичките работници. Увозот на работна сила може да го ублажи проблемот, но неможе да ја промени структурата на пазарот на трудот каде овие професии одамна се на врвот по заработката.
Според проценките на експертите, технолошките решенија не можат целосно да ги заменат занаетчиските вештини и практичната работа, особено во дејностите како градежништвото, занаетчиство, производството, сервисните услуги….
-И покрај големата примена на вештачката интелигенција, недостигот од квалификувани мајстори на пазарот на труд ќе продолжи да се продлабочува. Дефицитот од мајстори во наредниот период може да стане уште поизразен, доколку не се вложи во стручно образование и задржување на кадарот. Технологијата не може да ги замени практичните вештини и искуството што се стекнува со години работа во градежништвото, машинството, електротехниката, водоводот, столарство…., изјави за „Локално“, Никола Велковски, сопственик на градежна компанија.
Граѓаните постојано се жалат на немање мајстори и на високи цени за поправки и реновирање во домовите. Така на пример работната рака на плочкарите од 5-6 евра за метар квадратен се зголеми на 20 до 25 евра.
Бизнис секторот, исто така укажува дека недостатокот од мајстори го ограничува растот на компаниите, ја зголемува цената на услугите и создава притисок врз економијата во целина. Проблемот дополнително се продлабочува поради недостатокот на млади кадри кои не се интересираат за традиционалните занаети. Младите сакаат да се образуваат во ИТ, финансии или други професии, а индустријата се соочува со предизвик како да ги мотивираат новите генерации да се посветат на неопходните професии.
Целиот тект на Локално.мк











