Пловен мост во Индонезија ќе произведува електрична енергија

42

sijalica-mokra-pixabay

Фото: Pixabay

Palmerah tidal bridge е пловен мост што ќе поврзува два острови во Индонезија, а во исто време ќе произведува електрична енергија од морските струи. Постројката за производство на струја ќе биде поставена на пловен мост со должина од 800 метри, а планирано е да има моќност од 18 до 23 MW, пишува Power engineering international.

Toa ќе биде доволно 100.000 луѓе од околината да се снабдуваат со електрична енергија. Во втората фаза од развој на проектот се очекува да се зголеми моќноста од 90 до 115 MW што ќе биде доволно струја за задоволување на потребите на половина милион жители на Индонезија. Оваа земја има идеални услови за користење на силата од морските струи.

Palmerah tidal bridge е заеднички проект на Индонезија и Холандија, а има цел да го зголеми производството на електрична енергија од алтернативни и еколошки извори.