Сингапур официјално ја претстави една од најголемите пловни соларни електрани во светот, што се протега на површина од 45 фудбалски игралишта, а ќе произведува доволно електрична енергија за напојување пет погони за прочистување на вода на островот.
Проектот е дел од напорите на градот држава во југоисточна Азија, со мала земјина површина, да го зголеми производството на струја од сончева енергија до 2025 година за да помогне во борба против климатските промени, пренесува Ројтерс.
Електраната ќе има капацитет од 60 мегавати, а ќе биде сместена на едно вештачко езеро во западен Сингапур. Се проценува дека електраната ќе помогне во намалување на емисијата на штетни гасови.
За разлика од конвенционалните соларни панели, оние кои се поставуваат на пловна платформа имаат поголема ефикасност меѓу пет и 15%.
Во Сингапур во тек се активности за развој на уште четири соларни електрани.
Фото: Pixabay