Фото: Pexels
По 125 години од постоењето на компанијата, Coca-Cola најави дека ќе го произведе својот прв алкохолен пијалок и ќе го пласира во Јапонија, објави BBC.
Производот ќе содржи помеѓу 3 до 8% алкохол и ќе биде сличен на јапонската алтернатива за пиво Chu-Hi, најпопуларно кај жените. Според најавите, алкохолниот пијалок ќе се продава само во Јапонија и засега не е предвидено да се извезува низ другите држави.
Со новиот производ, Coca-Cola ќе се приклучи кон алкопоп движењето (коешто беше популарно во почетокот на 90-тите), односно кон останатите компании што произведуваат алкохолни пијалаци засладени со повеќе шеќер. Најпознати брендови што веќе се дел од овој алкопоп тренд се Hooch, Reef, Smirnoff Ice и Bacardi Breezer.