По 16 месеци – Истанбул во јуни го посетиле најголем број на туристи

49

Турската метропола Истанбул ја посетија 684.621 странски туристи во јуни, што е најголем број на туристи во последните 16 месеци.

Податоците од Дирекцијата за култура и туризам во Истанбул покажуваат дека во првите шест месеци, градот на Босфорот го посетиле 2.720.283 туристи. Во јуни Истанбул го посетија 684.621 странски туристи, објави новинската агенција Анадолија.

Во еден од најнаселените градови во светот, 681.382 луѓе пристигнале со авион, а 3.239 по морски пат.

Во јуни, Истанбул го посетија туристи од 190 земји

Во текот на споменатиот период, Истанбул го посетија туристи од 190 земји, се Сан Марино, Макао, Монако, Ватикамеѓу кои се туристи од , Брунеи, Соломонските Острови, Свазиленд Тувалу…

Истанбул беше посетен од 962.151 посетител во февруари 2020 година.

Фото: Pixabay