По 18-ти пат избрани најуспешните жени менаџери

38

1627C8343C20CBF152C653101A297752 По 18-ти пат, агенцијата Марили, синоќа ги избра најуспешните жени менаџери за 2014 година. Се бираа жени на раководни позиции од приватниот и јавниот сектор. За најуспешна жена од општествениот сектор, беше избрана Ирена Мишева, претседател на Советот на Град Скопје.
Од приватниот сектор, признанија за својата успешност понесоа Маријана Ангелоска од Ариљеметал, Марина Бадаровска-Мишевска од Казино Фламинго, Маја Димовска од Чоколографија Македонија, Тања Дејаноска од Дентал интернационал Дејаноски, Евгенија Зафировска од Бестел, Даниела Пиперкоска од Луцерн ВИП, Анета Антова-Пешева од Унет Ултра, Магдалена Симоновска од Шевро и Славица Тодоровска од Хемофарм од претставништвото во Скопје.
Агенцијата Марили, како општествено одговорна компанија, оваа година во склоп на изборот за најуспешни жени менаџери, организираше и хуманитарна акција, а средствата собрани од неа се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, кој ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.