По 18-ти пат, Марили избира најуспешна жена менаџерка

73

zeni1 Агенцијата Марили по 18-ти пат вечерва ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Република Македонија. Меѓу избраните жени менаџерки за 2013 година се Маријана Ангелоска од Ариљеметал- Скопје, Марина Бадаровска Мишевска од Казино Фламинго-Гевгелија, Маја Димовска од Чоколографија Македонија од Скопје, Тања Дејаноска од ПЗУ Дентал интернационал Дејаноски од Скопје, Евгенија Зафировска од Бестел од Скопје, Даниела Пиперкоска од Луцерн ВИП од Скопје, Анета Антова Пешева од Унет Ултра од Скопје, Магдалена Симоновска од Шевро од Куманово и Славица Тодоровска од Хемофарм од претставништвото во Скопје.
Од општествениот сектор избрана е Ирена Мишева, претседателка на Советот на Град Скопје.
Во рамките на Манифестацијата ќе биде промовирано и новото издание на Бизнис каталогот на Република Македонија, во кое се опфатени содржини од бизнис инвестициите и претприемништвото во различни дејности и области.
Агенцијата Марили, како општествено одговорна компанија оваа година одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, во соработка со жените менаџери организираше хуманитарна донација. Средствата собрани од оваа акција се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, а ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.