По 200 години згаснува уште една голема германска компанија

118

Уште една традиционална германска компанија банкротираше. Шумаг АГ стана несолвентен по 200 години постоење, а банкротот остави стотици работници во неизвесност.

Шумаг АГ е специјализирана за прецизна технологија и е позната по своите производи „Made in Germany“. Изработуваат прецизни делови со дијаметар од 0,3 до 60 милиметри кои се направени од нерѓосувачки челик и обоени метали и се апсолутно неопходни за многу индустрии.

Тие ја снабдуваат индустријата за моторни возила, медицинската технологија и технологијата на уреди, а познати се по највисок квалитет, пишува магазинот Феникс. Најголемата продажба на компанијата има на меѓународните пазари.

Германските медиуми јавуваат дека на 22 септември непознати лица ја нападнале нивната корпоративна мрежа и ги хакирале сите податоци, па сега плановите за реструктуирање станале неважечки. Поради тоа, раководството на Шумаг поднесе барање за независно управување со несолвентноста до надлежниот окружен суд во Ахен.

На работниците ќе им се исплаќаат плати во наредните три месеци.