По 27 години: Microsoft го гаси Internet Explorer

6

Microsoft од денеска ќе престане да го поддржува Internet Explorer.

Поддршката престанува по речиси 27 години, откако Internet Explorer беше лансиран на 24 август 1995 година.

Откако ќе престанете да добивате поддршка, десктоп апликацијата Internet Explorer ќе биде оневозможена. Ќе биде заменета со Microsoft Edge, а корисниците автоматски ќе бидат пренасочени на Edge кога ќе се обидат да го стартуваат IE11.

“Explorer” некогаш беше најкористен интернет пребарувач, а во својот пик бил во 2003-та година со 95 проценти удел на пазарот.

Неговото користење значително се намалило со појавата на другите пребарувачи и растот на популарноста на мобилните оперативни системи како “Android” и “iOS”, кои не поддржуваат “Internet Explorer”.