
По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Поради летните одмори, гужви на овие ранични премини имаше и вчера.














