По 319 години австриски весник го затвора печатеното издание

Австрискиот весник „Wiener Zeitung“ по 319 години ќе го заврши своето печатено издание и ќе стане речиси целосно онлајн, беше одлучено со гласање во австрискиот парламент.

„Wiener Zeitung“ е основан како „Виенерис дијариум“ во 1703 година како весник на хабсбуршките императори, а првото издание било отпечатено на 8 април истата година, пишува „Вашингтон тајмс“. Денешното име го има од 1780 година, а покраината Австрија станала сопственик на весникот во 1857 година.

Од 1 јули овој дневен весник ќе престане да има печатено издание, но годишно ќе се печатат најмалку десет изданија, во зависност од средствата.