По авиони и автобуси, пристигнуваат и нискобуџетни супер брзи возови

27

Жителите и туристите на Шпанија ќе можат, за многу ниска цена, да патуваат со супер брзи возови.

Од денеска преку шпанската компанија Avlo, билетите за популарната рута Мадрид – Барселона можат да се купат за само пет евра.

Според шпанскиот министер за транспорт, Хозе Луис Абалос, понудата на намалени цени за државниот оператор Renfe ќе трае 10 дена, а ќе има илјадници билети достапни дневно.

Билетите ќе бидат достапни за патувања помеѓу шести април и 31 август. Кога оваа понуда ќе заврши, цените на билетите ќе се движат помеѓу 10 и 60 евра по патување.

Низ светот веќе има нискобуџетни компании коишто нудат билети за авиони или автобуси по исклучително ниски цени.

Фото: Pexels