Претставници на 15 турски фирми во Ужице, Србија, претставија амбициозен проект вреден десетици милиони евра. Станува збор за изградба на фарми за кози низ цела Србија, на кои би се вработиле 7.500 луѓе, пишува Блиц.
Турскиот бизнисмен и водач на проектот, Ајбар Улуча, вели дека првенствено ќе се произведува козјо млеко и производи од него.
“За 150 кози инвестицијата е 300.000 евра. Таа бројка може да се преполови, но и рентабилноста ќе биде мала. Ние би направиле згради, би поставиле машини и опрема, би купиле кози. Потоа од развојниот фонд ќе побараме да ги кредитира фармерите на 10 години. Од целиот износ, почетниот капитал на фармерот е 10%”, вели Улуча.
Истиот проект веќе се спроведува во БиХ.