По две години турската централна банка ја намали каматната стапка

Централната банка на Турција ја намали каматната стапка за 250 базични поени на 47,5 отсто.

Тоа беше прво намалување на стапката за околу две години, јавува Anadaolu Agency.

Од мај 2023 година до овој март, банката ја подигна стапката од 8,5 отсто на 50 отсто, а стапката ја задржа константна на последните осум состаноци.

Анадолу, анкетирајќи економисти, предвиде дека банката ќе ја намали стапката за 150 базични поени.