По единаесет години „Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора

88

Меѓународната рејтинг-агенција „Мудис“ за прв пат од 2013 година го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора од Б1 на Ба3, со стабилна перспектива, соопшти Министерството за финансии.

„Агенцијата потврди дека зголемувањето на рејтингот на Црна Гора е резултат на силните среднорочни перспективи за раст и подобрувањето на фискалната стабилност на земјата, поради понискиот јавен долг и намалувањето на фискалните ризици поврзани со завршувањето на автопатот Бар-Бољаре“, се наведува во соопштението за медиумите.

Мудис наведува дека значајните јавни и приватни инвестиции во комбинација со спроведувањето на структурните реформи на Европската Унија (ЕУ), во контекст на Новиот план за раст за Западен Балкан, поддржуваат солидни среднорочни проекции за раст.

Подобрувањето на кредитниот рејтинг, како што рекоа од Министерството, е потврда за стабилноста и напредокот што го постигна Црна Гора, што, како што оценува реномираната кредитна агенција, особено се одразува во доменот на фискалната политика и економските реформи, што потврдува дека Црна Гора станува предвидлива и стабилна.

Инвестициите ќе останат клучен двигател на растот, имајќи ги предвид проектите во туризмот и енергетскиот сектор, како и транспортната инфраструктура. Премиерот Спајиќ го изрази своето задоволство од растот на рејтингот, објави Пословни дневник.