По Honda, и Peugeot сними реклама во Хрватска

82

peugeot-2008

Peugeot ја избра Хрватска за снимање на новиот рекламен спот за моделот 2008, пишува Пословни дневник.

Спотот е сниман во Задар и околината, а ќе биде наменет за францускиот пазар.

Во септември годинава, јапонскиот произведувач на автомобили Honda во Хрватска снимаше рекламен спот за редизајнираната верзија на Honda Civic. За снимањето беа користени државните автопатишта и делови од градот Риека.