Пазарот на криптовалути утрово влезе во тренд на закрепнување по неколкудневниот драстичен пад, во кој добар дел од валутите изгубија една третина од вредноста и повеќе. Капитализацијата на пазарот е зголемена за 1,6 отсто и моментално, според податоците на веб-страницата Коингеко, изнесува 1,72 трилиони долари.
Биткоинот успеа да врати 5,2 отсто од својата вредност, а утрово се проценува на 36.359 долари.
Етереумот, исто така, се зголеми за околу 2,8 отсто на 2.418 долари.











