По Меркатор, и Метро размислува да се повлече од Бугарија

33

metroМетро група, една од водечките трговски комании во светот, размислува да се повлече од пазарите во Бугарија, Египет, Јапонија и Казахстан.

На тој начин компанијата планира да собере средства за вложување во домашниот, германскиот пазар, каде што работи отежнато. Во компанијата се надеваат дека со тоа ќе се забрзаат трансформациите во работењето на домашен терен.

Метро понатаму планира промени во врзот на менаџментот, а промените во асортиманост првенствено ќе се однесуваат на непрехранбена стока.

Претходно повлекување од Бугарија најави и словенечкиот трговски ланец Меркатор, поради тоа што не ги остварува планираните резултати на овој пазар.