По неколку одложувања Словенија ги лансираше првите два сателити во вселената

37
Satellite silhouette over a full moon

Првите сателити на Словенија, NEMO-HD и TRISAT, беа лансирани во вселената во четвртокот со ракетата Вега ВВ16, информираат од словенечкото Министерство за економија.

Откако поради пандемијата на коронавирусот и лошите временски услови лансирањето на сателитите беше одложено неколку пати, од Француска Гвајана се лансирани првите два словенечки сателити – Nemo HD и Trisat.

Ова е историски ден за Словенија, но и за целокупната словенечка наука затоа што по прв пат од европскиот лансирен центар е лансирана европска ракета со најмногу сателити досега – вкупно 53 сателити.

Словенечкиот сателит Nemo HD треба да се смести на висина од околу 515 км од Земјата, а главната задача ќе му биде интерактивно набљудување на нашата планета благодарение на мултиспектрална камера и видеокамера со голема резолуција. Ако се помине добро, околу Земјата би требало да кружат во наредните пет години.

Наносателитот Trisat со своите пет килограми треба да кружи на висина од околу 530 км и првенствено е наменет за тестирање на издржливоста на новата вселенска електроника, а воедно ќе се надгледува загаденоста на површината на морињата, ќе се детектираат жаришта на пожари и ќе го бележи нивото на вулканска прашина во атмосферата.

Директорот на компанијата Arianespace, која го изврши лансирањето, Стефан Израел, потврди дека лансирањето на ракетата е успешно и додаде дека програмата Small Spacecraft Mission Service (SSMS) е прв чекор на растечкиот пазар за мали сателити.

Фото: Freepik