
Македонија одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка, за што претходно требаше да го исполни условот за решавање на спорот за името со Грција. Но, и покрај тоа што со влезот во Алијансата се очекуваше да се зголеми економскиот раст, инвестициите, вработувањата, да се намалат корупцијата и криминалот, сепак голем дел од овие очекувања не се остварија. Дел од експертите сметаат дека влезот во НАТО даде многу можности, но прашање е колку ние успеавме да ги искористиме.
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини смета дека членството во НАТО не ги даде очекуваните ефекти во смисла на зголемување на инвестициите, БДП и на економијата воопшто.
-Зачленувањето на Македонија во НАТО предизвика голема еуфорија. Очекувавме многу од влезот во Алијансата, но не добивме ништо освен одбранбен чадор. Очекувањата за пораст на странските инвестиции и економскиот раст не се остварија. Сега после 5 години ни е јасно дека уште помалку треба да се надеваме со оглед на тоа дека новиот американски претседател Доналд Трамп сака да направи промени во форматот на учеството на САД во НАТО. Тој изразува резерва околу улогата и значењето на НАТО и најавува намалување на трошоците за одбрана на САД за НАТО. Постојат најави дека САД може да го напушти НАТО. Алијансата во иднина може да добие друга улога доколку остане организација за безбедност. Овие промени, за кој засега има само најави наскоро ќе бидат разјаснети, изјави за „Локално“, Џевдет Хајредини.
Целиот текс прочитајте го на Локално.мк











